14.8 C
Skopje

Throwback УС Опен 2016: Вавринка против Ноле и лекцијата по скромност

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Да се потсетиме на УС Опен 2016. Тогаш Стен Вавринка го изненади светот, освојувајќи ја својата трета Грен слем титула по епското финале против Новак Ѓоковиќ. Ова беше уште една победа за Швајцарецот во големите финалиња, продолжувајќи ја неговата неверојатна серија по триумфите на Ролан Гарос во 2015 и Австралија Опен во 2014 година.

Со тој успех, Вавринка се израмни со Енди Мареј по бројот на Грен слем титули. Во тоа време, Мареј беше дел од “големата четворка”, елитна група во која беа и Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. По неговиот триумф во Њујорк, новинарите го прашаа Вавринка дали чувствува дека треба да биде дел од таа елитна група.

Скромноста на шампионот: Вавринка го цени Ѓоковиќ, но се држи настрана

На прес-конференцијата по мечот, Вавринка доби прашање за коментарите на Ѓоковиќ, кој претходно изјави дека Швајцарецот заслужува да биде вклучен во евентуална “голема петорка”. Вавринка, познат по својата скромност, одговори со многу пофалби за својот ривал:

“Новак е секогаш толку љубезен со мене. Го сакам. Тој е добар пријател. Секогаш кажува многу убави работи за мене”, изјави Вавринка.

И покрај тоа, тој цврсто ја отфрли идејата да се приклучи на елитната четворка, нагласувајќи ја огромната разлика во континуитетот:

“Јас сум навистина далеку од големата четворка. Погледнете ги само турнирите што ги освоија, колку години се таму. Да, имам три Грен слема. Но, колку Мастерс 1000 титули освои Мареј? Тие се на врвот веќе десет години. Не само што победуваа, туку постојано стигнуваа до полуфиналиња и финалиња. Затоа не сум таму. И не сакам да бидам таму.”


Меѓусебни дуели: Тензични битки на најголемата сцена

Вавринка и Ѓоковиќ имаат одиграно вкупно 27 меча, од кои девет биле на Грен слем турнири. Нивното ривалство е едно од најинтересните, а нивните мечеви секогаш носеа посебна магија. Моменталниот скор на најголемите тениски сцени е 5-4 во корист на Ѓоковиќ, што сведочи за нивните интензивни и често неизвесни битки.

Гостинска статија на Марија Петровска

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено