Со појавата на социјалните мрежи стана полесно да се прават шеги на интернет, па во денешно време може да видиме илјадници “мемиња” во еден ден.
Но, некогаш тоа се правеше на билборди и не беше толку честа појава. Еден таков пример е билбордот на ЕУРО 1996 за Паоло Малдини на кој пишува: “Голман на Италија: Најлесната работа во Европа”.
Билбордот е реклама на Најк, а се однесува на одбраната на Италија, предводена од Паоло Малдини. Тогаш се сметаше дека одбраната е толку силна, што работата на голманите била навистина лесна.
Малдини, кој беше еден од најдобрите одбрамбени играчи во историјата, имаше одиграно 861 натпревар за Милан и 126 за италијанската репрезентација.
🇮🇹😮💨 Brilliant advert at EURO 1996 for Paolo Maldini: “Italy’s goalkeeper: easiest job in Europe.” 💪 pic.twitter.com/fWnwC0guOA
— EuroFoot (@eurofootcom) August 1, 2025


