На денешен ден: Ѓоковиќ го освои златото на Олимпијадата

 

Објавено:

Пред точно една година на денешен ден, 4 август, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои златниот медал на Олимпијадата во Париз, со што стана првиот тенисер во историјата кој успеал да ги освои сите големи тениски титули.

Покрај бројните трофеи во Гренд Слем турнири, самиот Ноле во повеќе наврати имаше изјавено дека Олимпиското злато му претставувало сон, бидејќи играл не само за себе, туку и за својата држава.

Извор: https://x.com/Djoko_UTD

Колку само му значеше победата беше очигледно од неговата реакција по победата во финалето против Шпанецот Карлос Алкараз.

Потсетете се на овој незаборавен момент во тениската историја и запишувањето на тениското наследство кое е неспоредливо.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено