2.8 C
Skopje

ВАР во Македонија: ФФМ ги обучува првите оператори со помош на експерти од ФИФА

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Воведувањето на ВАР технологијата во македонскиот фудбал влегува во својата финална фаза. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и официјално започна со специјализирана обука на првата генерација технички лица кои ќе работат како “Replay” оператори, клучна алка во функционирањето на ВАР системот.

Вкупно осум кандидати ја поминаа почетната интензивна обука во реномираниот технолошки центар на EVS во Лиеж, Белгија, кој е официјален ВАР технолошки провајдер за натпреварувањата на ФФМ.

Напредната фаза од обуката се одвива во Македонија, под менторство на двајца искусни и признати ВАР оператори, Кирил Горбан и Алексеи Коржуков, кои зад себе имаат искуство од елитните лиги во Русија и Саудиска Арабија, како и од меѓународни натпреварувања под капата на ФИФА.

Извор: https://www.ffm.mk/

Оваа инвестиција е клучен чекор во поставувањето на професионален ВАР систем, со висококвалификуван кадар во сите аспекти.

Целата информација и детали околу обуката можете да ги прочитате на официјалната страница на ФФМ.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено