Флик, Конте, Мареска… Номинациите за најдобар тренер на годината!

 

Објавено:

Денес во текот на денот ги следиме номинациите за најдобрите во фудбалската индустрија, на престижната награда Златна топка, како и придружните категории.

Во една од најинтересните категории, онаа за најдобар тренер на годината, се најдоа неколку познати имиња, а беа изоставени други кои претходните години редовно се наоѓале на листата, како Пеп Гвардиола, Чаби Алонсо и минатогодишниот победник Карло Анчелоти.

Номинациите за престижната награда “Јохан Кројф” за најдобар тренер оваа година им припаднаа на: Антонио Конте (Наполи), Луис Енрике (ПСЖ), Ханси Флик (Барселона), Енцо Мареска (Челси) и Арне Слот (Ливерпул).

Извор: https://x.com/ballondor

Можеби најголем фаворит за освојување на наградата оваа година е Луис Енрике, тренерот на ПСЖ, кој успеа да ја освои Лигата на шампионите. Но, конкуренцијата е голема, а секој од овие тренери постигна значителен успех со својот тим изминатата година.

Антонио Конте кој го предводи Наполи ја освои титулата во италијанската Серија А. Тој го презеде кормилото на Наполи во 2024 година, а оттогаш се стреми да направи навистина конкурентен тим, што се гледа и од засилувањата како Де Брујне кои беа донесени ова лето.

Луис Енрике, тренерот на ПСЖ, го освои Купот на Франција, 13-та титула во Лига 1 и престижниот трофеј во Лигата на шампионите, во импресивно финале во кое го совладаа Интер со 5:0.

Ханси Флик, со Барселона постигна значителни успеси изминатата сезона, градејќи нов млад тим и освојувајќи ја шпанската Ла Лига.

Енцо Мареска, кој го предводеше Челси до првиот трофеј на новиот формат на Светското клупско првенство, совладувајќи го фаворизираниот ПСЖ во финалето.

Арне Слот, кој го презеде Ливерпул од Јирген Клоп, го предводеше тимот до освојувањето на престижната титула во можеби најсилната европска лига, станувајќи шампион во Премиер лигата.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено