11.8 C
Skopje

Дресовите на македонските фудбалски клубови за идната сезона

Објавено:

Изминатиов период можевме да го видиме претставувањето на новите дресови на многу светски клубови, а со денешниот старт на Првата македонска фудбалска лига, време е да ги видиме и дресовите во кои ќе истрчаат фудбалерите на македонските клубови оваа сезона.

Вчера на официјалната страна на ФФМ беа објавени сите дресови во кои ќе настапат 12-те клубови на МФЛ. За жал, за повеќето од клубовите не можевме да најдеме убави фотографии од новите дресови на официјалните канали, со што ќе мора да се задржиме на оваа групна фотографија.

Ова е и официјален апел до македонските клубови да се погрижат во иднина да организираат подобро претставување на дресовите, со убави фотографии и информации до јавноста околу дизајнот на истите. Со убава презентација, се зголемува и продажбата на истите, а со тоа и приходите на клубовите. Но, најважно, се зајакнува спортската култура и врската на навивачите со клубот за кој навиваат.

Извор: https://www.facebook.com/ffm.mk

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено