12.8 C
Skopje

Чекор по чекор: Флик пред нов договор со Барса

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Ханси Флик е во преговори со Барса за продолжување на неговиот договор за уште една сезона. Тренерот потпиша двегодишен договор при неговото пристигнување во клубот минатото лето, а сега тој договор би се продолжил до 2027 година.

Неговиот удел во играта на каталонскиот клуб е повеќе од очигледен – Барса се на врвот во Ла Лига, ќе играат во финалето на Копа дел Реј и се во одлична позиција да се најдат и во полу финалето на Лигата на шампионите.

Извор: Извор: https://www.facebook.com/fcbarcelona

Но, зошто тогаш поранешниот тренер на Баерн Минхен не е заинтересиран за подолг договор? Според него, тој е задоволен со својата улога во тимот и со задоволство би продолжил да го води и во иднина, но не е човек што би избрзал со потпишување на повеќегодишни договори.

“Јас не сум тренер кој сака да остане и да потпише договор да речеме на три години, со сè средено”, изјави Флик. “Мојот план е да одам од година за година, а потоа ќе зборуваме и ќе видиме до каде сме. Чекор по чекор. Пасо а пасо. Ништо подолго од тоа. На крајот, не знам колку време ќе ми треба, но кога ќе ја завршам мојата работа во овој клуб, сакам да си отидам со добро”.

Спортскиот весник Атлетик пишува дека изворите блиски до Флик велат дека преговорите за новиот договор се веќе во тек, но ништо нема да биде решено до крајот на сезоната. До тогаш главниот фокус останува на натпреварите кои треба да се доиграат.

Извор: https://www.facebook.com/fcbarcelona

Барса во моментов водат со четири поени пред ривалите од Реал Мадрид во Ла Лига, со уште осум натпревари до крајот на сезоната, а каталонците ќе се сретнат со кралевите и во финалето на Копа дел Реј. Пред нив е и вториот четврт финален натпревар со Борусија Дортмунд, откако минатата недела на гости победија со 4 – 0.

Во однос на неговиот живот во Барселона, Флик вели: “Уживам во Барселона, во градот и луѓето. Среќни сме што живееме тука. Имам многу енергија и идеи што може да направиме за да го подобриме тимот, но ние сме уште на самиот старт на проектот”.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено