13.8 C
Skopje

Шкендија доживеа голем пораз, Карабах продолжува понатаму!

Објавено:

Во денешниот реванш од третото коло за квалификациите за Лигата на шампионите, Шкендија беше убедливо поразена со 5-1 од Карабах на гостувањето во Баку.

Иако уште во стартот на натпреварот Шкендија го отвори резултатот со погодокот на Тамба во 10-та минута, само шест минути подоцна Цаке постигна автогол за нерешен резултат.

Веднаш потоа пристигна и првиот гол од игра на Карабах во 18-та минута со голот на Кади Боргес, па следуваше погодокот на Ахундзаде во 33-та минута, за полувремето да се комплетира со погодокот на Јанковиќ од пенал во 35-та минута.

Во второто полувреме Карабах успеаја да постигнат уште еден гол во 59-та минута преку Андраде, за конечен резултат од 5-1 на денешниот натпревар, или вкупен резултат од 6-1, откако славеа и во Скопје со резултат од 1-0.

Со гостувањето во Баку Шкендија го заврши патувањето кон Лигата на шампионите, а следен предизвик е натпреварот за Лигата на Европа, каде ќе треба да се сретне со поразениот од дуелот меѓу Ференцварош и Лудогорец.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено