Синер и Алкараз во четвртфиналето на турнирот во Синсинати

 

Објавено:

Најголемите фаворити за освојување на трофејот на турнирот во Синсинати, Јаник Синер и Карлос Алкараз, успешно ги поминаа осминафиналните мечеви и се пласираа во четвртфиналето на турнирот.

Јаник Синер мораше да почека да заврши прекинот поради поројниот дожд за да дојде до победата над Адријан Манарино, кој на крајот го победи со 6-4, 7(7)-6(4) во сетови.

Шпанецот Алкараз помина полесно против Италијанецот Лука Нарди, кого го совлада со резултат 6-1, 6-4 во сетови.

Во машка конкуренција вчера остварија победи и Американецот Бен Шелтон кој го совлада Роберто Баутиста со 7(7)-6(3), 6-3 во сетови, како и Андреј Рублев кој лесно помина во мечот против Франциско Комесана, со резултат 6-2, 6-3 во сетови.

Откако вчера Руне службено го доби мечот поради повредата на противникот Тијафо, доцна синоќа уште еден меч заврши со истата судбина. Имено, Александер Зверев службено го доби мечот со 7-5, 3-0 во сетови, против Карен Качанов откако Русинот се повреди.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено