13.8 C
Skopje

Младата ѕвезда Данев: “Вардар секогаш и секаде оди на победа!”

Објавено:

После само неколку дена од фантастичното деби на Димитар Данев во дресот на Вардар на мечот против Пелистер, денес младиот играч и соиграчите ќе бидат пред нов предизвик со гостувањето во Кавадарци.

Данев, кој беше прогласен за најдобар играч во првото коло од Македонската фудбалска лига, сега за веб страната на ФФМ изјави дека победата ќе мора да ја заработат на терен.

“Секако дека нè очекува тежок дуел. Сепак, Вардар е клуб кој секогаш и секаде оди на победа. Атмосферата во тимот е одлична по стартниот триумф против Пелистер и во Кавадарци одиме да ја потврдиме моменталната формa”, вели Данев.

Извор: https://www.ffm.mk

Отворањето на сезоната за Вардар во мечот против Пелистер помина одлично, а Данев постигна два погодоци на своето деби. Но, сепак, тој е внимателен во врска со гостувањето во Кавадарци.

“Респект за домаќинот, Тиквеш е квалитетен тим, но ние сакаме да имаме три бода. Ќе дадеме сè од себе за да исполниме сè што ќе бара од нас тренерот Гоце Седлоски и подготвени сме да ги израдуваме нашите навивачи”, изјави Данев.

Дуелот со Тиквеш е закажан за денес во 17:00 часот во Кавадарци.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено