13.8 C
Skopje

Првиот меч на Шкендија со Лудогорец на 21 август!

Објавено:

Шкендија во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите изгуби од Карабах, со што европскиот пат го продолжува со плеј-офот за Лига Европа, каде ќе игра со бугарскиот Лудогорец.

Откако синоќа беа завршени и останатите натпревари од третото коло, сега се познати сите парови и распоредот за плеј-оф натпреварите.

Шкендија прва ќе ги пречека Бугарите во Скопје на 21 август, а реваншот ќе се игра една недела подоцна на гости во Разград.

Тетовчани веќе го обезбедија своето место во Конференциската лига, но со победа во двомечот против Лудогорец, тие ќе добијат шанса да се натпреваруваат во посилната Европска лига.

Погледнете ги и другите парови од плеј-оф натпреварите.

Извор: https://www.instagram.com/footrankings/

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено