Фудбалерите ги гласаа најдобрите во Премиер лигата: Еве ги победниците!

 

Објавено:

Посебна е честа кога наградата доаѓа од соиграчите, а вечерва беа наградени најдобрите во Премиер лигата, од страна на Асоцијацијата на фудбалерите. На свеченоста во Манчестер вечерва беа доделени ПФА наградите, а ова се големите победници на вечерта.

Мо Салах е најголемиот победник, бидејќи испиша историја со тоа што по трет пат е добиник на ова признание од колегите. Неговиот тивок пробив во историјата полека води кон статус на вистинска легенда во Премиер лигата.

Во најдобриот тим според фудбалерите од Премиер лигата, оваа година покрај Салах се најдоа и неговите соиграчи Вирџил Ван Дајк, Алексис Мекалистер и Рајан Гравенберч. На листата е и Милош Керкез како играч на Борнмунт од минатата сезона, а оваа година и тој се приклучи на шампионскиот тим на Ливерпул.

Покрај шампионите од Ливерпул, тука се и Вилијам Салиба, Габриел Магалаес и Деклан Рајс од Арсенал, Крис Вуд и Мац Селс од Нотингем Форест, како и Александер Исак од Њукасл Јунајтед. Токму тој го искористи ова признание како прва можност да се огласи за драмите околу неговиот трансфер кои го одбележаа овој летен прозорец. Неговата изјава можете да ја прочитате тука.

Исак беше и единствениот кој недостасуваше на церемонијата од идеалниот тим избран од Асоцијацијата на професионални фудбалери.

Извор: https://x.com/PFA
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено