13.8 C
Skopje

Елмас се враќа кај италијанскиот шампион? Наполи со прва понуда

Објавено:

Веќе некое време се шпекулира за каде нашиот Елиф Елмас ќе ја продолжи својата кариера, откако стана веќе јасно дека Лајпциг имаат други планови за тимот.

Македонскиот “дијамант” беше еден од клучните играчи за Наполи при освојувањето на скудетото, а сега тие испратиле официјална прва понуда за да го вратат играчот назад во своите редови.

Според спортскиот познавач на трансфери, Фабрицио Романо, Наполи испратиле отворена понуда до Лајпциг за 1,5 милиони евра, плус трошоците за платата на Елмас.

Со нивната понуда Елмас би отишол на позајмица во Наполи, а договорот би вклучувал и опција за купување вредна 11,5 милиони.

Елмас не ги доби посакуваните минути во Лајпциг, а повеќе од очигледно е и дека новиот тренер Оле Вернер не планира да го вклучи во тимот, по што беше јасно дека македонскиот репрезентативец ќе треба да си најде нов клуб летово.

Во Наполи веќе пристигнаа звучни имиња ова лето, а можеби наскоро Елмас ќе се сретне повторно на теренот со Де Брујне, но овој пат не од спротивната страна во репрезентативните дресови, туку на иста страна во светло синиот дрес на Наполи.

Извор: https://sscnapoli.it/

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено