(Видео) Перез знае да ја извози трката во Мексико и со затворени очи!

 

Објавено:

Серхио Перез вчера беше официјално претставен како новиот возач на Кадилак тимот во Формула 1, со што Мексиканецот ќе направи камбек на гридот откако беше принуден да го напушти тимот на Ред Бул после лошата сезона минатата година.

Но, како што се докажа подоцна, никој не се снајде сезонава на второто место во болидот на Ред Бул, а Перез е возач кој зад себе има големо искуство во спортот.

Очигледно тој најдобро си ја знае својата домашна трка за Големата награда на Мексико, па во рамките на промотивните настани за Кадилак, тој ја извозе трката на симулатор со затворени очи.

Импресивно е што не само што точно знаеше каде се кривините, туку и менувањето на брзините беше совршено погодено во секој момент.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено