13.8 C
Skopje

Македонскиот дијамант се враќа во Наполи! Договорен трансферот на Елмас

Објавено:

Како што пишува вечерва спортскиот новинар за трансфери Фабрицио Романо, Наполи и Лајпциг ги договориле сите детали за враќањето на Елмас во редовите на италијанскиот шампион.

Елмас уште пред неколку недели ја изразил својата согласност за трансферот, а според пишувањата Наполи беше најголемата желба на македонскиот репрезентативец.

Македонскиот “дијамант” беше еден од клучните играчи за Наполи при освојувањето на скудетото, а сега се враќа во клубот каде ги имаше и најдобрите моменти во својата кариера на позајмица од бундеслигашот.

Според вестите, станува збор за договор за позајмица, со можност за купувања од идната сезона.

Останува уште официјалната потврда од клубовите која се очекува да биде веќе во наредните денови.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено