После летната пауза во Формула 1, викендов повторно доминација на Мекларен, овој пат на трката за Големата награда на Холандија. Оскар Пијастри го предводи дуото на Мекларен со пол-позицијата, а веднаш зад него е клупскиот колега Ландо Норис.
За третата позиција се избори домашниот претставник, четирикратниот шампион Макс Верстапен кој сепак не можеше да парира на “папаја” болидот кој е несомнено најдобар оваа сезона.
Career pole #5 for Oscar 🖐#F1 #DutchGP @McLarenF1 pic.twitter.com/KlQfR5W07a
— Formula 1 (@F1) August 30, 2025
Изненадување доаѓа на четвртата позиција, каде се најде дебитантот Исак Хаџар, кој вози за вториот тим на Ред Бул. Со ова младиот Хаџар извозе уште едни одлични квалификации во дебитантската сезона, па се споменува дека токму него ќе му биде понудено второто место во првиот тим за идната сезона.
Петтата позиција ја освои Британецот Џорџ Расел во Мерцедес, а зад него е дуото на Ферари, со Леклер на шестатта и Хамилотн на седмата позиција. На осмото место се најде и вториот возач на Ред Бул Рејсинг, Лијам Лосон, кој очигледно има многу подобра сезона откако беше исклучен од првиот тим на стартот на годината.
Десеттката ја комплетираат Карлос Сајнц за Вилијамс на деветтото и ветеранот Фернандо Алонсо за Астон Мартин на десеттото место.




