13.8 C
Skopje

Легендарниот Николче Новески како скаутинг директор на ФФМ

Објавено:

Легендарниот македонски репрезентативец, Николче Новески, кој дел од својата кариера ја помина и во германскиот клуб Мајнц, стана дел од стручниот тим на Фудбалската федерација на Македонија.

Тој ќе биде одговорен за наоѓањето на млади таленти, како раководител на скаутинг службата, а бидејќи има многу талентирани фудбалери со македонско потекло, Новески ќе има задача да ја прошири базата низ Европа и светот.

Николче Новески кој има 64 настапи за македонската репрезентација ќе работи во координација со Горан Пандев, Ѓорги Христов и Агим Ибраими во насока на следење на фудбалерите, како и организирање на тест натпревари надвор од Македонија, каде младите ќе имаат можност да се докажат.

“Среќен сум што станувам дел од тимот на ФФМ и што ќе имам можност да придонесам за развојот на македонскиот фудбал. Верувам дека со моето искуство и долгогодишна кариера во Бундеслигата, заедно со тимот во Федерацијата, ќе изградиме силен систем на скаутинг кој ќе овозможи секој талентиран фудбалер со македонско потекло да добие шанса да се докаже. Нашата цел е да создадеме услови за напредок и за уште посилни национални селекции во иднина”, изјави Новески.

“Николче Новески е име кое со својот карактер и настапи е запаметен во Македонија и во германската Бундеслигата. Задоволство е што ваков професионалец прифати да биде дел од нашиот тим, заедно со Пандев, Христов и Ибраими. Верувам дека со неговото искуство, авторитет и познавања ќе изградиме систем кој ќе донесе нови имиња во нашите селекции. Нашата мисија е јасна, ниеден фудбалски талент со македонско потекло да не остане незабележан. Ова е силен чекор напред во модернизацијата и професионализацијата на нашата работа”, вели и Масар Омерагиќ, првиот човек на ФФМ.

Извор: https://www.ffm.mk

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено