11.8 C
Skopje

Вардар доминантен во Гостивар: Хет-трик на Мато и убедлива победа над Арсими

Објавено:

Вардар продолжува со одличната форма во Првата лига, овојпат славејќи убедливо на гостувањето во Гостивар против Арсими со 4-1. “Црвено-црните” уште во првиот дел ја решија дилемата околу победникот, постигнувајќи три гола за само 45 минути.

Натпреварот започна со рана радост за гостите. Во 9-та минута, по несмасна реакција на домашната одбрана, Мато Рожер најдобро се снајде во гужвата и го отвори резултатот. Само 19 минути подоцна, по корнер на Бабунски, Матиќ со прецизен удар со глава ја удвои предноста на Вардар. До паузата, Рожер повторно се запиша во листата на стрелците, користејќи мајсторска асистенција на Диего за убедливи 0-3.

Веднаш по стартот на второто полувреме, Рожер со нов погодок го комплетираше својот хет-трик и донесе огромни 0-4 за Вардар. Сепак, Арсими доби прилика да се врати во игра во 57-та минута, кога Најдовски направи прекршок за пенал и доби црвен картон по интервенција на ВАР. Шефити ја презеде одговорноста, но шутираше крај дирекот и ја промаши шансата за намалување.

Домашните сепак успеаја да дојдат до почесен погодок во 72-та минута, кога Рамадани изведе слободен удар, топката го допре ѕидот и заврши во мрежата на Талевски за конечни 1-4.

До крајот Вардар рутински го контролираше темпото и ја потврди својата супериорност, додека Арсими ја запиша една од најслабите партии оваа сезона со многу грешки, промашен пенал и без вистинска идеја во нападот.

Со оваа победа, скопскиот гигант уште еднаш испрати јасна порака дека има сериозни амбиции за врвот на табелата.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено