Мекларен би можеле уште викендов да ја освојат шампионската титула

 

Објавено:

Викендов ќе се вози трката за Големата награда на Азербејџан, а во Баку веќе пристигнаа тимовите и возачите кои ќе се натпреваруваат за освојување на подиумот во недела.

Сепак, можеби највозбудени ќе бидат од “папаја” тимот, бидејќи Мекларен би можеле уште во недела да ја освојат шампионската тимска титула доколку еден од двајцата возачи победи на трката, а другиот заврши на подиумот.

Со оглед на резултатите кои ги имаат Пијастри и Норис оваа сезона, ваквата комбинација не изгледа далеку од реалноста, па е многу возможно да се остварат нивните соништа, што би било втора последователна титула за Мекларен.

Но, овој пат тие би имале порелаксиран крај на сезоната со ваквото сценарио, што не беше случај минатата година кога тие мораа да се борат до самиот крај, па ја освоија шампионската титула на последната трка во жестоко ривалство со Ферари.

Останува да видиме каков ќе биде исходот од трката, по што ќе знаеме дали уште во Баку ќе го добиеме старо-новиот шампион во Формула 1 или ќе мора да почекаме уште некој тркачки викенд.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено