3.8 C
Skopje

На денешен ден: Фернандо Алонсо ја освои првата шампионска титула!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред точно 20 години на денешен ден, 25 септември 2005 година, Фернандо Алонсо ја освои првата шампионска титула со Рено, со што стана најмладиот шампион во дотогашната историја и прв шампион кој доаѓа од Шпанија.

Младиот Шпанец имаше само 24 години и 58 дена, а со освојувањето на титулата и годината после тоа, тој стана најмладиот Формула 1 возач кому му успеало да освои две последователни титули.

Извор: https://x.com/F1/

Во 2005 година, тој го освои шампионатот после победата на седум трки, победувајќи го Михаел Шумахер во две последователни сезони.

Импресивно е што после 20 години од освојувањето на првата шампионска титула тој сè уште е на гридот, сега во болидот на Астон Мартин, а изгледа дека Алонсо нема намера во блиска иднина да оди во пензија.

Извор: https://x.com/F1/
Извор: https://x.com/F1/

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено