5.8 C
Skopje

Даниела Атанасовска ја претстави Македонија на XTERRA светското првенство

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашата триатлон хероина, Даниела Атанасовска имаше чест и предизвик да ја претстави Македонија на “XTERRA World Championship 2025” во Молвено, Италија.

“XTERRA” е специјален формат, нестандарден триатлон во оф-роуд услови, со пливање во планинско езеро, планински велосипедизам и трчање низ оф-роуд терени.

Даниела се квалификуваше за ова големо натпреварување преку настап во Грција, каде што го освои 3-то место во категоријата 40-44. Во Италија се соочи со тежок предизвик: 1,5 километри пливање во планинско езеро, 32 километри МТБ со 1.110 метри искачување и 10 километри планинско трчање со 316 метри висинска разлика.

Во официјалните резултати, Даниела Атанасовска заврши во категоријата 40-44 на позиција 156-та, со време 06:14:59.

Овој успех е голем потсетник дека со посветеност, работа и храброст, можат да се надминат границите. Даниела испраќа јасна порака до младите: “Верувајте во себе, тренирајте и следете ги соништата – вашите успеси може да бидат уште поголеми!”.

Она што ја прави нејзината приказна дополнително впечатлива е тоа што “XTERRA” не е обичен триатлон, ова е натпревар што ги тестира најиздржливите бидејќи терените се нерамни, времето може да варира, а природата често нуди непредвидливи услови.

Со оваа цврста намерна одлука Даниела не само што трча за себе, туку трча за сите македонски спортисти кои имаат сон – да ја носат бојата на својата земја на светска сцена.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено