Македонската јавност со нетрпение го очекува дуелите со Белгија и Казахстан, а во пресрет на клучните мечеви, денес селекторот Благоја Милевски одржа прес конференција за новинарите.
Иако Белгија важи за фаворит во групата, во Скопје ги изгубивме драгоцените три бода во последните минути од мечот, но што е најважно, покажавме дека може да се бориме со силните селекции и да сонуваме за Македонија на Светските првенства.
Сега, тестот е голем, но селекторот Милевски изјави дека подготовките течат како и за сите претходни натпревари: “Имаме двајца повратници, Стефан Ашковски и Давид Бабунски, а за жал поради повреда ќе отсуствува Лирим Ќамили. Што се однесува до предизвикот, за нас сите натпревари се главни. Досега одигравме пет големи битки, а така ќе биде и на преостанатите три”.
“Белгија останува главен фаворит во нашата група, но ние покажавме дека можеме да играме против сите. Никој не може да ни ја одземе надежта за пласман на Светското првенство. Ќе се подготвуваме максимално сериозно и ќе сториме сè за да постигнеме успех. Нашата цел е да докажеме дека Македонија може да биде конкурентна и против реално поквалитетни селекции”, изјави Милевски за новинарите.
Во октомври македонските фудбалери ги очекува најпрво тешкото гостување во Гент на 10 октомври, а потоа и дуелот со Казахстан во Скопје на 13 октомври.
“Имаме ние во нашиот македонски ген еден посебен икс-фактор што не знаеме кога ќе проработи. Понекогаш излегува тогаш кога е најпотребно, во моменти кога сите мислат дека е невозможно. Тоа е нашата сила, нашата верба и инает, нешто што не се гледа секогаш на табелата, ама на теренот прави разлика”, додаде Милевски.
View this post on Instagram
Ова се македонските борци за реализирање на сонот за Мундијалот:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија);
Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија).
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија).
Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија).