Ветеранот во нашата репрезентација, голманот Столе Димитриевски, вечерва брилираше на голот на Македонија во натпреварот со Белгија со пет чисти одбрани, од кои дури три беа внатре во шеснаесеттникот. Најголема закана по голот на нашата репрезентација беше Доку, кој воедно беше избран и за играч на натпреварот.
“Ова беше доста тежок натпревар на белгиски терен. Тие беа одлични, со одлична игра во офанзива, а ние одработивме перфектна утакмица во дефанзива”, изјави Столе после натпреварот.
Тој додаде и дека ни фалеше малку повеќе креативност во нападот за победа: “Тешко е од прва да излезеш во трета зона за напад, зошто тие константно не притискаа”.
На прашањето дали се свежи сега пред мечот во Скопје, Столе одговори: “Од првите натпревари на квалификациите одиме на победа, така што за нас првото место е историја. Натпреварот со Казахстан ќе биде доста тежок, но ќе имаме предност на домашен терен, со домашна публика”.
Погледнете ги најдобрите одбрани на нашиот спектакуларен Столе!