Македонската тениска репрезентација успешно го заврши својот настап на Дејвис Купот кој се одржа изминативе денови во Скопје и успеа во својата цел да се избори за промоција во Втората Светска група.
Македонија последен пат беше во оваа група пред 15 години, па ова е значаен успех за унапредувањето на тенисот во нашата држава и инспирирање на младите тенисери кои во иднина ќе треба да ја продолжат низата на успешни настапи.

На турнирот во Скопје првото место го освои Летонија, која денес беше поуспешна и од Македонија со 2:1, со што успеа без ниту еден пораз да го заврши натпреварувањето. Втора беше Црна Гора, а трета Македонија. После денешните натпревари, беше одржана и церемонија за доделување на признанија на трите држави кои успеаја да се изборат за пласман во повисоката група.
Најдобар резултат за македонската репрезентација имаа Калин Ивановски и Стефан Мицов, а една победа оствари и Берк Бугариќ на самиот старт на турнирот.
На денешниот настан на нашите тениски репрезентативци, само Калин Ивановски успеа да издвојува победа над Летонецот Артус Жагарс, па уживајте во нашата селекција на фотографии од овој меч.