- Advertisement -
- Advertisement -
Македонскиот ракометен шампион во среда во Битола го пречекува можеби најатрактивниот ривал во рамките на Лигата на шампионите, каталонскиот тим на Барселона.
Денес од РК Еурофарм Пелистер објавија дека билетите за мечот биле распродадени за рекордни 8 минути, што само докажува колкав е интересот за мечот на “зелено-белите”.
Тие досега покажаа одлична борба на теренот со претходните ривали, па сосема очекувано ќе ја добијат поддршката од домашната публика и навивачката група Чкембари и за дуелот со Барса.
Дуелот РК Еурофарм Пелистер – Барселона е закажан за 15 октомври во 20:45 часот во Битола.