16.8 C
Skopje

Иџе не настапи на втората трка на патеката Золдер поради проблеми со автомобилот

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски-Иџе викендов дебитираше на ЕУРО НАСКАР серијата во Белгија, но за жал тој вчера не можеше да настапи на втората трка поради проблеми со автомобилот.

Како што кажува самиот тој “и покрај сите напори на тимот да ги отстрани сите проблеми, аномалии и дефекти со возилото, не успеаја на време”.

Иџе, кој беше пријавен во Про делот каде се натпреваруваат професионалните возачи, поради правилата бил спречен да искористи друг автомобил, па едноставно немаше избор за својот настап во Золдер.

Како што вели Стефановски во видеото кое го објави на социјалните мрежи “ризикот бил преголем да се настапи со тие дефекти, а последниците би можеле да бидат кобни, па тимот одлучил дека најдобро е да се откаже настапот”.

Сепак, Иџе имаше неколку дена можност да го почувствува ова ново тркачко искуство, што е огромен успех за еден автомобилист. На првата трка тој се соочи со проблемите, но изјави “во секој случај ова е позитивно искуство”.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено