А, да ставиме и ние вештачка трева на Градски?

 

Објавено:

Бодо/Глимт е вистинско освежување оваа сезона во Лигата на шампионите, а градот со само 53 илјади жители покажа дека за успех во елитата не ти се потребни само пари и слава, туку и големо срце на теренот.

И кога некој ќе каже дека ние сме мали и нема шанси македонски клуб некогаш да стигне до Лигата на шампионите, сетете се дека не е сè во парите, туку во искрената љубов кон спортот. Додека нашите играат пред празни трибини во четврток на пладне, во Бодо сите се на стадион и на минусни температури давајќи им ветер во грб на своите миленици да стигнат до огромни успеси.

Многумина од клубовите, вклучувајќи го и Интер, се жалеа дека едноставно не се навикнати на вештачката трева која мора да ја има поради условите на северот во Норвешка, но Бодо веќе докажаа дека тие играат вонсериски добар фудбал независно од теренот.

Следната недела тие гостуваат во Лисабон кај Спортинг, носејќи со себе огромна предност од 3 гола, со што се на повидок да направат уште еден чекор во остварувањето на нивната фудбалска бајка.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено