Доцна вечерва по македонско време ќе биде претставена новата Адидас топка за претстојниот Мундијал кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико идната година.
По тој повод, спортскиот бренд Адидас реши да го најави откривањето на новата топка со преглед на сите топки кои биле дел од Светските првенства низ историјата.
Познатата сфера во Лас Вегас беше местото каде “се свртеа” сите топки, во визуелен приказ што изгледа навистина импресивно.
Овој момент беше поддржан и од фотографија која беше објавена на социјалните мрежи, а каде може да се видат легендите на фудбалот и победници на Мундијалите како Кафу, Зидан, Кака, Дел Пјеро, Чави, Крос, Погба и Меси.
До откривањето на идната топка, уживајте во спектакуларната најава.
View this post on Instagram