Шкендија дебитираше со пораз во Конференциската лига

 

Објавено:

Ниту Шкендија не успеа да го подобри македонскиот скор со шпанските клубови, откако вечерва во Мадрид изгуби од Рајо Ваљекано со резултат од 2-0.

Македонскиот шампион дебитираше во Конференциската лига на УЕФА, но сепак во својот прв натпревар од европското натпреварување не успеа да дојде до погодок.

Домаќините уште од самиот старт на натпреварот ја наметнаа својата игра, а по неколку шанси успеаја да погодат во 28-та минута за отворање на резултатот преку Лопез. Само три минути подоцна следуваше и втората контра, по што Перез стрелаше успешно за 2-0.

Извор: https://www.facebook.com/fcshkendija

“Црвено-црните” делуваа немоќно против поранешниот клуб на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, па не успеаја ниту во вториот дел да дојдат до посакуваниот погодок.

Шкендија сега ќе ја бара првата победа дома, кога ќе го пречека ирскиот Шелбурн во Скопје.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено