Сега веќе првиот светски рекет, Карлос Алкараз ја искористи посетата на Сан Франциско пред почетокот на Лејвер купот за да го посети озогласениот затвор Алкатраз.
Алкараз кој присуствува на турнирот како дел од тимот на Европа, го посети историското место, кое е познато и под името “Карпата”.
Инаку, Лејвер купот започнува утре, а на овој турнир на тврда подлога кој се игра на затворено, се натпреваруваат традиционално два тима, едниот кој го претставува светот и еден кој ја претставува Европа.
Турнирот се одржува традиционално секоја година уште од 2017 година, како идеја на легендарниот Рожер Федерер, кој тогаш предложи да се игра ваков турнир во чест на Рој Лејвер.
Ова ќе биде втор настап на младиот Шпанец на турнирот, а во една прилика за него тој изјави: “Навистина сакав да бидам дел од Лејвер купот повторно, бидејќи многу ми се допадна атмосферата тука. Навистина е посебно. Имате можност да ги запознаете другите играчи подобро и надвор од теренот”.
Погледнете како изгледаше Алкараз на посетата на Алкатраз.
Behind the scenes tour 📸
📍Alcatraz Island ft. @carlosalcaraz#LaverCup pic.twitter.com/6GkYoteuMw
— Laver Cup (@LaverCup) September 17, 2025



