Светот на Формула 1 доби нова визуелна атракција. Најновиот тим на гридот, Кадилак, официјално ја претстави својата прва дизајн за дебитантската сезона во 2026 година.
Промоцијата се случи преку телевизиска реклама за време на Супербол 60, позиционирајќи го тимот како „Новиот американски тим“ со емотивниот говор на Џон Ф. Кенеди за освојувањето на Месечината.
The mission begins now. Introducing Cadillac Formula 1® Team’s first livery. Our season kicks off March 7th streaming on @AppleTV in the US. pic.twitter.com/NiALWMcqGm
— Cadillac Formula 1 Team (@Cadillac_F1) February 9, 2026
Храбар дизајн: Црно-бела поделба
Она што веднаш паѓа во очи е неконвенционалниот изглед на болидот. Кадилак се одлучи за т.н. „split-sides“ дизајн – десната страна на болидот е претежно црна, додека левата е доминантна бела боја. Оваа асиметрија веќе предизвика бројни коментари кај фановите и најавува дека американскиот бренд сака да се издвои од конкуренцијата уште од првиот момент.
Искусен тандем зад воланот
Боите на Кадилак во 2026 година ќе ги бранат двајца ветерани на патеката – Валтери Ботас и Серхио „Чеко“ Перез. Двајцата возачи веќе го испробаа новиот болид на неодамнешното „шејкдаун“ тестирање во Барселона.
„Имаме уште многу планини за качување, но напредуваме чекор по чекор. Секој круг ја решаваме по некоја пречка и стануваме посилни како тим“, изјави Ботас по првите повозни на патеката.
Што треба да знаете за новиот тим?
- Мотор: Тимот ќе користи мотори на Ферари до 2029 година, кога се очекува Кадилак да дебитира со сопствена погонска единица.
- Раководство: Екипата ја предводи искусниот Грем Лоудон.
- Резервни возачи: Кинезот Џоу Гуању ќе биде резерва, додека Индикар ѕвездата Колтон Херта ќе ја има улогата на тест-возач.
- Следни чекори: Тимот веднаш се сели во Бахреин на официјалните претсезонски тестирања кои започнуваат на 11 февруари.
Иако првичните времиња од Барселона покажаа дека Кадилак доцни околу четири секунди зад најбрзите, тимот е задоволен со издржливоста на болидот и фактот што успешно комплетираа 164 круга без поголеми дефекти.



