Англичанките станаа шампионки, драматично финале на пенали

 

Објавено:

Во финалето од женското Европско првенство во фудбал, Англичанките успеаја да ја одбранат шампионската титула во денешното финале против Шпанија.

Откако фудбалерките на Шпанија поведоа со 1:0 уште во првото полувреме со голот на Калдентеј во 25-та минута, многумина помислија дека ова ќе биде прва европска круна во првото нивно финале.

Извор: https://x.com/WEURO2025

Меѓутоа, тие надежи ги прекина Алесија Русо во 57-та минута, за израмнување на резултатот од 1:1, со што натпреварот продолжи во судиските продолженија.

Откако ниту по продолженијата немаше победник, шампионот го одлучија пеналите, по кои Англија славеше со 3:1.

Европското првенство во Швајцарија беше најпосетувано досега, со импресивни 657,291 посетители на натпреварите, а финалето го проследија околу 34 илјади фанови во Базел.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено