10.8 C
Skopje

Англија го слави својот најуспешен губитник!

Објавено:

СЕР ГАРЕТ, ВИТЕЗОТ НА ВЕЧНИТЕ ВТОРИ МЕСТА

Светот на фудбалот е место каде што се слават победниците, трофеите и златните медали… освен ако не сте од Англија. Таму, очигледно, критериумите се малку поинакви. Најновата вест, која доаѓа од Островот, е дека поранешниот селектор Герет Саутгејт добил титула витез за неговите “успеси” со репрезентацијата.

Да, добро прочитавте. Сер Герет Саутгејт. А кои се тие епски успеси? Две загубени финалиња на Европско првенство и едно полуфинале на Светско. Во која било друга фудбалска нација, ова би било причина за национална жалост и отказ. Во Англија, тоа е доволно за да станете витез.

Извор: https://www.aljazeera.com/ {Manu Fernandez/AP}

Да се потсетиме на “магијата” на Сер Герет. Човекот кој на располагање имаше генерација преполна со светски ѕвезди – играчи како Кејн, Белингам, Фоден, Сака – успеа да ги претвори во синоним за досаден, предвидлив и тактички кукавички фудбал. Неговата филозофија беше едноставна: дај гол, повлечи се во дефанзивен бедем и моли се да не примиш. Оваа тактика на “убивање на играта” можеби ги донесе до финалиња, но ги загуби на ист начин – со страв и недостаток на храброст кога беше најпотребно.

Но, можеби не треба да го обвинуваме само него. Оваа одлука е само симптом на една поголема болест – кризата на англиските фудбалски тренери. Дали знаете дека откако е формирана Премиер лигата во 1992 година, ниту еден англиски менаџер никогаш не ја освоил титулата? Ниту еден. Во лига која се смета за најдобра во светот, домашните стручњаци се статистичка грешка.

Извор: https://www.sportingnews.com/us/

На крајот, Саутгејт изјави дека “не му недостасува работата” и дека е важно “да се тргне од патот” на новата генерација. Можеби тоа е најдобриот потег што го направил во кариерата.

Во земјата на слепите, едноокиот е крал. Во Англија, изгледа, вицешампионот е витез.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено