Англија и Шпанија во финалето на ЕП2025 за жени

 

Објавено:

Денес женската фудбалска репрезентација на Шпанија успеа да ја совлада силната Германија во продолженијата од регуларното време, со што обезбеди за прв пат билет во финалето на Европското фудбалско првенство.

Аитана Бонмати успеа да даде спектакуларен гол во 113 минута од продолженијата, за конечна победа од 1:0 на Шпанија.

Сега, тие ќе се сретнат во финалето на 27 јули со репрезентацијата на Англија, со што ќе гледаме дуел меѓу победничките од Светското првенство и бранителките на европската круна.

Хероината од денешниот меч, Аитана Бонмати со својот импресивен гол ја воодушеви јавноста, а нејзиниот перформанс е уште позначаен ако се земе во предвид дека пред само три недели таа беше хоспитализирана со вирален менингитис. Денес, таа на својата земја и го донесе првото финале на Европските првенства и заслужно беше избрана за фудбалерка на натпреварот.

Погледнете го одличниот победнички гол.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено