По нашиот утрински апел и бројните бурни реакции од македонската јавност, имаме одлични вести!
Упатуваме голема благодарност во име на нашите читатели до македонските оператори, Телеком, А1, Телекабел, како и до Арена Спорт, за нивната исклучително брза реакција и разумност во пресрет на најголемиот спортски настан.
Техничките и комерцијалните пречки се надминати буквално во последен момент, па така каналите Арена М1, М2 и М3 (на македонски јазик) веќе се достапни кај сите оператори ширум државата, многу пред почетокот на церемонијата на отворањето.
Нема простор за повеќе грижи. Фудбалот, макар и преку кабловски мрежи, му се врати на народот со македонски коментар. Подгответе се, лудилото наречено Светско Првенство конечно може да започне!



