Аргентинско засилување за Вардар: Пулеио ја доби довербата во Анталија

 

Објавено:

Ако денот по утрото се познава, тогаш Иан Лукас Пулеио Араја (27) ќе биде освежувањето што му треба на нападот на Вардар. Информациите од тренинг кампот во Анталија говорат дека брзоногиот Аргентинец не само што ја поминал пробната фаза, туку ги надминал очекувањата на стручниот штаб.

Од „проба“ до договор

Пулеио пристигна во Турција како слободен агент, но со јасна цел. Со својата експлозивност по десната страна и типичниот јужноамерикански темперамент („grinta“), тој наводно веќе ги договорил условите со раководството. Се очекува наскоро да стави потпис на договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување.

Кој е Иан Пулеио?

Ова не е негов прв допир со Балканот. Аргентинецот веќе има успешна етапа во Црна Гора, каде настапуваше за Арсенал Тиват и Дечиќ, со кој го освои и Црногорскиот Куп. Последната дестинација му беше Арема во Индонезија.

Вардар добива искусен играч (27 години), кој знае како се игра на овие простори, но носи и шмек од Буенос Аирес. Се чека само официјалната промоција!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено