Во четврток во 13 часот, со директен пренос на Македонската радио телевизија, ќе ги дознаеме попатните станици кон крајната дестинација Америка.
Македонија после вечерашниот пораз во Кардиф падна во четвртиот шешир, а сега на ждрепката ќе нè пречекаат репрезентациите кои се „пеколно“ тешки, но не и невозможни.
Италија, Турција, Данска или Украина? Кој ќе ни биде противникот ќе дознаеме веќе за ден и половина. Она што е сигурно дека сите четири репрезентации се незгодни, но ние сме докажале досега дека можеме и против многу подобрите состави.
Сега е време да се научи од грешките во квалификациите, пропуштените шанси, но и да се потсетиме уште еднаш дека кога се излегува во македонскиот дрес на терен, треба да се игра со срце, душа и глад за победа.
Вака ќе изгледаат шеширите за ждрепката во четврток:
Шешир 1: Италија, Данска, Турција, Украина
Шешир 2: Полска, Велс, Чешка, Словачка
Шешир 3: Ирска, Албанија, БиХ, Косово
Шешир 4: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска



