Барди го прекина молкот со емотивна порака: „Овој пораз ни ја гори душата, но во март ќе се вратиме погладни!“

Објавено:

По тешката ноќ во Кардиф и поразот од 7-1, во таборот на македонската репрезентација владееше молк. Но, вистинските лидери знаат кога треба да прозборат.

Капитенот Енис Барди се огласи преку социјалните мрежи со искрена и болна исповед, но и со силна порака за мобилизација пред баражот во март. Тој не бараше оправдувања, туку ја призна болката и вети борба.

„Ова не е крај!“

„Тежок пораз, оној што ти го гори душата! Велс нè удри силно. Болка, разочарување… Но ова не е крај!“, напиша Барди на својот Инстаграм профил.

Играчот за врска на Трабзонспор потсети дека најважната битка допрва следи – полуфиналето од баражот против Данска.

„Сè уште сме во плејофот во март. Сè уште сме живи. Овој пораз треба да нè запали, а не да нè изгаси. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти! Ние не се предаваме. Никогаш“, порача капитенот.

Ова е ставот што ни треба. Главата горе, капитене!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено