13.8 C
Skopje

Барса се враќа дома! Најавен првиот официјален натпревар на новиот Камп Ноу!

Објавено:

Каталонскиот гигант Барселона во денешната објава на социјалните мрежи, го најави моментот кој се чекаше многу долго – официјалното враќање на новиот Спотифај Камп Ноу!

Тие најавија дека ќе се вратат дома на 22 ноември, во мечот од домашната лига против Атлетик.

Откако пуштањето во употреба на реновираниот стадион се одложуваше во повеќе наврати, сега навивачите конечно ќе можат да го гледаат својот клуб од новите трибини.

Одлуката следува откако Барселона и официјално ја доби дозволата од градските власти за „фазата 1Б“. Клубот официјално најави и дека работи напорно на обезбедување и на дозволата „за фазата 1Ц“ за да го обезбеди реотворањето и на северната трибина.

Следно, Барса се надева дека набрзо ќе го добие одобрувањето и од УЕФА за организирање на следниот меч од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт на 9-ти декември.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено