Битола врие по дебаклот, навивачите бараат чистка во Пелистер!

 

Објавено:

И додека во Скопје се слави рекордната 16-та титула на Вардар, во Битола врие. Поразот од 15 разлика во вечното дерби не е само спортски дебакл, туку точка од која нема враќање за односот помеѓу навивачите и клубот. Најверните поддржувачи на „зелено-белите“ преку социјалните мрежи испратија брутални пораки до сопствениците, управата и ракометарите, нарекувајќи го вчерашниот настап во Скопје „исмевање со името Пелистер“.

Чкембари: Доста е ќутење, си играте мајтап со името!

Навивачката група „Чкембари“ упати јавно прашање до сите инволвирани во клубот, нагласувајќи дека Битола одделува „од лебот од уста“ за тие да имаат сè што им е ветено, а за возврат добива бездушна игра.

Навивачите упатија остри критики за карактерот на ракометарите, нарекувајќи ги „бездушни платеници“ на кои им пречат меѓусебни кавги и нетрпеливост додека земаат илјадници евра плата. Поради ваквиот однос, тие упатија децидно барање за оставки со пораката дека ако некој не сака да го работи тоа за што е платен, треба веднаш да си замине.

За навивачите, коренитите промени од горе до долу се неопходни уште денес, бидејќи тие повеќе нема да молчат на штета на клубот.

Од тронот до дното за една ноќ

Од навивачката страница „И моето дете ќе навива за Пелистер“ се огласија со длабока анализа за „слободниот пад“ на клубот, посочувајќи на очајна организација и покрај трите титули по ред. Фановите забележуваат дека клубот не пораснал организациски, нема костур на екипа и не успеал да привлече сериозни спонзори.

Во анализата се разобличува и илузијата на моќ, потсетувајќи дека првите две титули во овој циклус беа освоени благодарение на киксовите на Вардар, а само минатогодишната била „кристално чиста“. Потенцирано е дека проблемот не е само тренерот, кој е најлесната фигура за смена, туку дека вистинската одговорност лежи во спортскиот сектор, менаџментот и скаутингот. „Рибата смрди од главата“, јасно порачуваат Битолчани, кои се незадоволни од исклучените коментари на официјалните страници и немањето јасна стратегија за иднината.

Пораката од Битола е едногласна: Пелистер е над секој поединец. Навивачите бараат искреност, план за развој на млади играчи преку Пелистер 2 и визија која ќе го врати клубот таму каде што припаѓа – не само со зборови, туку со системска работа.

Спортска Станица и претходно објави гостинска статија која ги анализира токму овие пропусти и односот на клубот кон историјата и вистинските фанови. Прочитајте ја тука:


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено