8.8 C
Skopje

Бојан Миовски добива нов тренер: Дени Рел го презема Ренџерс!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Ренџерс денес официјално го потврди назначувањето на Дени Рел за нов шеф на стручниот штаб на машкиот тим. Германскиот стратег, кој до неодамна го водеше Шефилд Венздеј, потпиша договор на две и пол години и веднаш ја презема работата, а неговиот деби натпревар ќе биде против СК Бран во Лигата на Европа.

Оваа промена доаѓа во клучен момент за клубот и за нашиот репрезентативец Бојан Миовски, кој во новиот систем на Рел ќе има можност да блесне уште повеќе.

Рел беше еден од тројцата тренери во нашата прогноза неодамна, а тој е најмладиот и можеби најинтригантниот од сите. Како претставник на новата, модерна германска школа, Рел има богато искуство во европскиот фудбал. Тој ја започнал својата кариера во РБ Лајпциг, потоа бил асистент на Ралф Хазенхитл во Саутемптон, а подоцна соработувал и со Ханси Флик во Баерн Минхен, во време кога тие ги освоија трофеите во Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампиони. Подоцна, дуото Флик–Рел ја водеше германската репрезентација на Светското првенство 2022.

Извор: https://x.com/RangersFC

Во октомври 2023, Рел првпат самостојно седна на тренерската клупа, во Шефилд Венздеј, тим кој во тој момент беше без победа и на дното на табелата. Со својата енергија и пристап, тој не само што го спаси клубот, туку ја заврши сезоната на 12-то место, со што го потврди својот потенцијал како модерен и прогресивен тренер.

“Голема чест е да бидам тренер на клуб со ваква историја и традиција. Очекувањата се огромни – и токму тоа ме мотивира. Нема време за чекање, почнуваме веднаш”, изјави Рел при неговото претставување.

Извор: https://www.rangers.co.uk

Претседателот Ендру Кавена додаде:
“Дени е млад, амбициозен тренер кој совршено се вклопува во нашата визија. Веруваме дека може да ја врати енергијата, гордоста и успехот на клубот”.

За Миовски, ова е нова ера под водство на човек кој ја цени офанзивната игра и динамиката во нападот, совршена сцена за македонскиот напаѓач да ја продолжи својата одлична форма во дресот на славниот клуб од Иброкс.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено