17.8 C
Skopje

Братучедите во финале! Риндеркнеч го победи Медведев во полуфиналето

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Артур Риндеркнеч ќе се соочи со својот братучед во финалето на Мастерсот во Шангај, откако во вториот полуфинален меч денеска го совлада Данил Медведев.

Французинот успеа да се врати во игра откако го изгуби првиот сет со 4-6, за да ги добие наредните два со 6-2, 6-4 и да обезбеди билет во финалето за прв пат на еден Мастерс 1000 турнир.

Неговиот роднина, сензацијата на овогодинешниот турнир, Валентин Вашеро, претходно денеска го совлада Новак Ѓоковиќ и за прв пат во неговата кариера обезбеди финале во АТП Мастерс 1000 турнир.

“Дали е ова реално? Не знам”, изјави 26 годишниот Вашеро после победата над четирикратниот шампион во Шангај.

Ова ќе биде прво финале и за двајцата братучеди, па сигурно ќе гледаме интересна борба во недела.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено