18.8 C
Skopje

Брегот на Слоновата коска и Сенегал си обезбедија билети за Светско

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашниот драматичен ден од квалификациите за Светското првенство, уште две држави се запишаа на листата на патници за Мундијалот, оставајќи уште 20 слободни места.

Последни од вчерашниот ден кои обезбедија учество се селекциите на Брегот на Слоновата коска и Сенегал, кои играа во афричките квалификации.

Брегот на Слоновата коска не оставија сомнежи откако ја победија Кенија со 3-0 за да се искачат на врвот на групата Ф, додека Сенегал на домашен терен ја совладаа репрезентацијата на Мауританија со 4-0 за првото место во групата Б. Херој за Сенегал на мечот беше Мане со два погодоци, а на листата на стрелци се запишаа и Ендаје и Дијало.

Во меѓувреме, Конго, Нигерија и Габон победија на своите натпревари, со што обезбедија учество во плеј-оф фазата. Уганда на нашиот Вардарец Мато не успеа да победи вчера, но тие остануваат втори во групата Г и покрај поразот од Алжир.

Со вчерашните натпревари и новите патници, сега на листата остануваат уште 20 слободни места, додека 28 селекции го обезбедија своето учество.

Извор: https://x.com/FIFAWorldCup

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено