10.8 C
Skopje

“Чудото од дете” со потекло од Македонија со нов договор во Црвена Звезда

Објавено:

Младиот српски талент Василије Костов, офанзивен играч на средината и еден од најперспективните фудбалери во регионот, го продолжи договорот со Црвена звезда до 2028 година.

“Голема чест ми е што го продолжив договорот со ваков голем клуб. Ова е само мотив плус да продолжам со уште подобри игри. Им благодарам на сите во клубот и на стручниот штаб за довербата и се надевам дека ќе ја оправдам на терен”, изјави Костов по потпишувањето.

Тој потекнува од младинската школа на белградскиот гигант, каде што минал низ сите категории и без проблем се адаптирал на сениорскиот фудбал. “Во почетокот беше тешко, но сега сум навикнат на темпото и се трудам секој натпревар да бидам подобар”, додаде младиот играч.

Извор: https://www.crvenazvezdafk.com

Роден во 2008 година, Костов веќе ја испиша историјата на клубот кога во октомври стана најмладиот стрелец на Црвена Звезда во европските натпреварувања со голот против Порто во Лигата на Европа. Минатата сезона блесна и во младинската Лига на шампиони против Барселона, кога постигна “паненка” од белата точка.

Со препознатлив удар од дистанца, техничка прецизност и голема самодоверба, Василије Костов се наметнува како следното големо име од белградската школа. Негова желба останува јасна, нова двојна круна за Звезда и долг европски поход оваа сезона.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено