Црвени картони, хаос и тупаници: Натпреварот меѓу Уеска и Сарагоса заврши како боксерски меч!

 

Објавено:

Шпанската втора лига (Ла Лига 2) често нуди израмнет и борбен фудбал, но она што се случи на натпреварот помеѓу Уеска и Реал Сарагоса ги помина сите спортски граници. Во тензично дерби од дното на табелата, Уеска забележа минимална победа од 1:0 благодарение на голот од пенал на Оскар Сиелва во 65. минута, но резултатот остана во сенка на невидениот хаос кој се случи во судиското надополнување.

Тензиите растеа како што се ближеше крајот на натпреварот, а кулминацијата се случи длабоко во дополнителното време, кога судијата покажа дури три црвени картони поради насилничко однесување.

Од фудбалски терен во ринг

Централна фигура во овој скандал беше искусниот голман на Сарагоса, Естебан Андрада. По серија расправии и провокации, судијата му покажа црвен картон на Аргентинецот. Она што следуваше ги шокираше сите присутни на стадионот „Ел Алкораз“.

Андрада, наместо да го напушти теренот, целосно ги загуби нервите. Откако противнички играч дополнително го испровоцира (со одглумен пад по претходно мало туркање), голманот на Сарагоса се врати и буквално му зададе бокс во лицето!

„Ако веќе добивам црвен картон, барем нека вреди!“ се пошегуваа корисниците на социјалните мрежи каде видеото од инцидентот стана вирално за само неколку часа.

Esteban Andrada red card against Huesca
by u/eternali17 in sports

Драконска казна на повидок

Иако навивачите на социјалните мрежи наоѓаат хумор во целата ситуација, фалејќи го потегот на Андрада како одговор на модерното симулирање во фудбалот, спортските власти нема да имаат разбирање за вакво однесување.

Шпанските медиуми веќе шпекулираат дека Аргентинецот го очекува драконска суспензија, која може да значи и предвремен крај на неговата кариера во Шпанија со оглед на тоа што има 35 години, а договорот му истекува ова лето.

Овој пораз уште повеќе ја влошува ситуацијата за Реал Сарагоса, која се наоѓа на 20-тото место на табелата (зона за испаѓање), додека Уеска со овие три бода направи мал чекор кон опстанокот (19-то место).

И да, се сложуваме, ова е само фудбал и нема потреба од вакви сцени, но мора да признаеме дека ваквите испади нè потсетуваат дека под дресовите сепак се кријат луѓе со емоции кои понекогаш излегуваат надвор од контрола.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено