Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ја потврди својата извонредна натпреварувачка форма со убедлив триумф на јубилејниот 10-ти полумаратон кој викендов се одржа во Дубровник, Хрватска.
Ивановски ја истрча делницата од 21 километар со извонредно време од 1:06:30 часа, што претставува и нов рекорд на оваа патека. Колку беше доминантен македонскиот претставник најдобро покажува фактот што зад себе ја остави конкуренцијата со речиси осум минути предност. Второпласираниот Силвије Томач од Хрватска низ целта мина со време од 1:14:05, додека третото место му припадна на неговиот сонародник Жељко Цота (1:14:23).
🇲🇰 БРАВО ДАРИООО! 👏🏆 pic.twitter.com/Qi8ft5vH1F
— sportstation (@sportskastanica) April 26, 2026
Континуитет на одлични резултати
Овој успех доаѓа како логично продолжување на добрите настапи на Ивановски. Да потсетиме, пред само една недела тој го освои одличното второ место на престижниот Белградски маратон (со време од 2:09:35 часа), каде што заостана само 24 секунди зад победникот од Етиопија.
На годинешното издание на полумаратонот во Дубровник учествуваа речиси 3.000 натпреварувачи од 55 земји, што дополнително ја зголемува тежината на овој спортски дострел за македонската атлетика. Во женска конкуренција, првото место ѝ припадна на Британката Јејли Карутерс (1:24:14).



