Една од најголемите приказни за лојалност во модерната НБА кошарка доби ново, неочекувано поглавје. Демијан Лилард, иконата на Портланд Трејлблејзерс, објави дека се враќа во клубот каде што помина 11 незаборавни сезони и стана еден од најдобрите играчи во историјата на франшизата.
Лилард ја соопшти големата вест на својот профил на X (Твитер), предизвикувајќи еуфорија кај навивачите кои никогаш не го преболеа неговото заминување.
RipCityyyyyyyyyyyyyyyyy!!!!!!!!! @trailblazers pic.twitter.com/x3jnZr1s0G
— Damian Lillard (@Dame_Lillard) July 17, 2025
Деталите од договорот: Лојалност запечатена со клаузула за не-трејдување
Според инсајдерот Шамс Чаранија, Лилард и Портланд финализираат тригодишен договор вреден 42 милиони долари. Она што е најзначајно е што договорот вклучува и целосна клаузула за забрана на трејд, со што Лилард станува само втор активен играч во целата НБА, покрај Леброн Џејмс, кој има ваква заштита.
“Мастерклас” на раководството: Како Портланд го доби и јарецот и зелката
Она што го прави ова враќање уште поневеројатно е маестралниот потег на раководството на Портланд. Како што објасни Шамс Чаранија, со овој потег, тие практично го добија назад својот најдобар играч, а ги задржаа и сите клучни играчи што ги добија во оригиналниот трејд.
Тие сега во својот тим ги имаат и Лилард, и Џру Холидеј, и Дени Авдија, и Роберт Вилијамс, плус идни пикови на драфтот. Ова е потег кој ќе се изучува со години.
Portland traded Damian Lillard for Jrue Holiday, Toumani Camara, assets in 2023 – then Holiday to Boston for Robert Williams III, Malcolm Brogdon, assets (one led to Deni Avdija).
Now, Blazers have Lillard and Holiday, plus Avdija, Williams, Camara, a 2029 first, two MIL swaps.
— Shams Charania (@ShamsCharania) July 17, 2025
Трнливиот пат назад и што е следно?
Враќањето на Лилард доаѓа по две турбулентни сезони во Милвоки Бакс, каде што тимот не успеа да го помине првото коло од плејофот. Неговата авантура таму заврши со кинење на Ахиловата тетива, поради што се очекува да ја пропушти целата претстојна сезона.
Ова не е потег за моментален успех, туку долгорочна одлука Лилард да ја заврши својата кариера таму каде што припаѓа. Тој е лидер на сите времиња на клубот по поени и постигнати тројки, а сега се враќа за да го заокружи своето наследство. Иако имаше интерес и од гиганти како Лејкерс, Селтикс и Вориорс, тој го избра срцето и се врати дома. “Дејм тајм” повторно ќе одекнува во Портланд.