Денес на Мундијалот: Англија под притисок, Босна оди на домаќинот САД за историја!

 

Објавено:

Дваесет и првиот ден на Светското првенство ни носи три нови пресметки во нокаут-фазата, каде што секоја грешка е кобна. Денешната програма е исполнета со неизвесност, почнувајќи од фаворизираната Англија која мора да докаже дека не е подложна на „рано изненадување“, преку тактичките битки на Белгија и Сенегал, сè до очекувано „врелата“ атмосфера во Санта Клара каде домаќинот САД ќе се обиде да ја испише историјата пред својата публика.

Англија – ДР Конго (1/16 финале)

  • Почеток: 18:00 часот
  • Стадион: Атланта, САД

Наше очекување: Иако Англија влегува како огромен фаворит поради индивидуалниот квалитет, тимот на Томас Тухел се соочува со сериозен предизвик во обидот да ја скрши цврстата дефанзивна формација на ДР Конго. Конгоанците се познати по нивната дисциплинирана игра во „низок блок“, стратегија која веќе им донесе проблеми на Англичаните во групната фаза. Со ѕвездата Јоане Виса, кој веќе има три постигнати гола на турнирот, ДР Конго е сериозна закана за „Гордиот Албион“. И покрај грижите за повредата на Деклан Рајс и недостатокот на креативност, квалитетот на англискиот состав би требало да биде пресуден за пласман понатаму, па дури и ако биде потребно време за пробивање на одбраната.

Белгија – Сенегал (1/16 финале)

  • Почеток: 22:00 часот
  • Стадион: Хјустон, САД

Наше очекување: Ова е веројатно најрамноправниот и највозбудливиот дуел од денешната програма. Белгија ја подигна формата со убедливиот триумф над Нов Зеланд, но нивната одбрана предводена од ветераните сè уште не е тестирана против толку брз и агресивен напад каков што поседува Сенегал. Африканската селекција доаѓа со победничка култура и неверојатна брзина преку крилата предводени од Исмаила Сар, додека искусниот Садио Мане останува лидер на тимот. Иако Белгија има креативци како Де Брујне и Доку, нивната дефанзивна нестабилност, која може да биде изложена од брзината на противникот, ги става Сенегалците во позиција да приредат изненадување.

САД – Босна и Херцеговина (1/16 финале)

  • Почеток: 02:00 часот (наутро)
  • Стадион: Сан Франциско, Санта Клара, САД

Наше очекување: САД играат со голем интензитет под водство на Покетино и имаат историска шанса да стигнат до четвртфинале за првпат по 2002 година. Американците досега беа убедливи, особено кога играат пред својата бучна публика, но Босна е екипа која специјализира во „убивање“ на фаворити, елиминирајќи ја Италија во квалификациите токму преку пенал-серија. Иако, енергијата, техничкиот капацитет и фактот што играат на домашен терен им даваат на Американците предност да ја диктираат играта и да го потврдат својот статус на фаворит во овој натпревар, сепак ние ќе одиме со Балканска надеж и ќе се надеваме на победа на Босна и Херцеговина.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено