Денешното финале најавено со шоу со дронови

 

Објавено:

Американците пробуваат да го искористат Светското клупско првенство за да направат вистинско забавно шоу до самиот крај, па во пресрет на денешното финале помеѓу Челси и ПСЖ, нивните логоа осамнаа над Њујорк.

Во светлечко шоу со над 500 синхронизирани ЛЕД дронови, на небото беа поставени амблемите на двата тима кои успеаја да дојдат до финалето на првото издание на турнирот во ваков формат.

Вечерва ќе го дознаеме победникот, а во меѓувреме уживајте во последните забавни содржини кои ни ги приредуваат организаторите, пред Купот да се збогува со публиката во САД.

Извор: https://x.com/Ligue1_ENG
Извор: https://x.com/ChelseaFC
Извор: https://x.com/TheBlueDodger/
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено