“Детето” на Флуминенсе ги однесе Челси во финалето!

 

Објавено:

Челси е првиот финалист на Светското клупско првенство, откако токму “детето” на бразилскиот клуб Флуминенсе ги постигна двата гола на натпреварот.

Жоао Педро имаше можеби деби од соништата за својот нов клуб и тоа против клубот од своето детство и почетоците на неговата професионална кариера. Првиот гол го постигна во 18 минута, а вториот во 56 минута од второто полувреме.

Извор: https://x.com/FIFACWC

Бразилецот ја започна токму во Флуминенсе својата професионална кариера во 2019 година. Тој напредуваше од Академијата за млади играчи на Флуминенсе, па сè до сениорскиот тим, пред неговиот трансфер во Ватфорд во 2020 година.

Педро пристигна во Челси неодамна од Брајтон за 70 милиони евра, а ова беше прво негово целосно појавување во Челси и први голови за англискиот гигант.

Погледнете ги головите на Жоао Педро.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено